Д-р Радовановиќ: Вучиќ не ги разбира процедурите во демократскиот свет

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

„За жал, Претседателот на Србија не ги разбира процедурите во демократскиот свет“, изјави епидемиологот Зоран Радовановиќ за Нова.рс во врска со изјавата на Александар Вучиќ дека тој е лицемер затоа што ја критикува работата на Кризниот штаб и не ја прифатил понудата на д-р Предраг Кон да го заземе неговото место во тој штаб.

„За жал, Претседателот на Републиката не ги разбира процедурите во демократскиот свет. Не може колегата Кон, како крал подготвен за абдикација, да избере кому ќе му го отстапи престолот“, вели д-р Радовановиќ.

Тој додава дека, таму каде што функционираат институциите, тие избираат членови на Кризниот штаб и слични тела.

„Во нивно отсуство, за сè решава Водачот. Тој сè уште не се огласил“, заклучи Радовановиќ во кратката писмена порака за Нова.рс.

Претседателот Вучиќ изјави утрово: „Тие го прашаа Радовановиќ, кога рече Предраг Кон дека тој треба да го предводи Кризниот штаб, а тој рече „не сакам“. Какво е тоа, најлошото лицемерие … Ќеим солиш памет на сите, и кога ќе ти речат „води ти“, ќе речеш дека нема. На тој начин, сите ќе бегаат од сè“.

Д-р Предраг Кон неодамна на својот Фејсбук профил објави дека е подготвен да го даде своето место во Кризниот штаб на Зоран Радовановиќ, кој критикуваше одредени одлуки на персоналот. На прашањето дали ќе ја прифати оваа понуда, Радовановиќ за изјави дека на негова возраст не му паѓа на памет да влегува во ниту еден штаб.

„Особено не би сакал да „вадам костени“ кога ситуацијата стана толку драматична. Ситуацијата е таква затоа што е занемарена, а занемарена е од политички причини. Немам никаков интерес или желба, не ми паѓа на памет да се вклучам, единствената причина зошто се јавив е да се дознае вистината“, вели Радовановиќ.