Додека Велика Британија размислува да остане ли во ЕУ или не, многумина британски избирачи гледаат во лицето на Швајцарија пример како да се градат односи со Унијата.
Во декември 1992 година Швајцарците гласаа на референдум против вклучување на земјата во Европската економска зона (ЕИЗ). Членството во ЕИЗ тогаш беше прв чекор кон влез во Европската унија.
Наместо тоа Швајцарија склучи над 120 билатерални договорот со Брисел за пристапот на швајцарски стоки до европскиот пазар. Над 50 отсто од швајцарскиот извоз оди во земјите членки на ЕУ.
Потпишувањето на сите овие договори даде премногу позитивен резултат, вели политичкиот аналитичар Дитер Фраjбургхауз.
“Швајцарија има интерес само кон економскиот аспект од евроинтеграцијата и go добивме токму тоа – пристап до внатрешниот (европскиот) пазар koj е од корист за нашата економија. Засега…”, pојаснува тој.
Швајцарската економија се смета за најконкурентна во светот.
Невработеноста расте, но сепак останува ниска во споредба со европските земји. Како земја надвор од ЕУ Швајцарија успеа да склучи со Кина одделен трговски договор за работи, какви што членките на заедницата не можат да решат еднострано.
Критично важен пазар
Швајцарските бизнисмени предупредуваат дека нивната земја не треба да се смета за репер, бидејќи нивниот модел на односи со Брисел е формиран со долгогодишни сериозни преговори.
“Понекогаш успеваме да дојдеме до многу добри договор, друг пат не постигнуваме ништо – вели Јан Атесландер, директор за Европа во швајцарската бизнис федерација EconomieSuisse. –
Од економска гледна точка тука има позитивни и негативни страни. Нема како да издејствуваат сè. ”
Зошто Путин застана во Крим?
Иако имаат пристап до европскиот пазар, швајцарските компании “не играат на еднаква основа” со европските.
Инженеринг компанијаta “Рјугер” продава над половина од призводтсвото во ЕУ. “Споредете ги само логистичките трошоци – вели менаџерот на фирмата Бернард Рхугер. – Во Европа работите се едноставни: од гледна точка на правото и оданочувањето сите тие работат на еден пазар, а ние, Швајцарците, треба да ја извезуваме стоката . А извозот од Швајцарија излегува поскапо со 4 до 6 проценти. ”
Да не заборавиме и на премногу високиот курс на швајцарскиот франк – швајцарската продукција станува многу скапа во странство. Токму затоа “Рјугер” изградиле фабрика во Холандија, создавајќи нови работни места таму, а не во сопствената земја.
И токму затоа Бернард Рјугер вели отворено на британските колеги: “Мојата главна препорака е: гласајте да останете (во ЕУ). Тоа е критично важен пазар”.
Според зборовите на Рјугер ако Британците гласаат за излез од заедницата, многу британски компании нема да имаат никаков избор освен да пренесат дел од своите операции во ЕУ.
Слобода на движење
Швајцарија сакаше само тесни економски врски со Европа, но со текот на времето станаа поблиски и нејзините политички врски со ЕУ.
Во преговорите со Швајцарија, Брисел постојано истакнува дека не може да и ги обезбеди најповолните за неа елементи од европскиот проект, кои влијаат на пример на трговијата.
Затоа швајцарските власти го одобрија европскиот принцип за слобода на движење, што значи дека граѓаните на ЕУ можат без проблеми да живеат и работат во Швајцарија. Земјата влезе и во Шенген зоната. Иако воопшто не учествувала во развој на овие договори. Покрај тоа, Швајцарија инвестира милијарди долари во европски проекти од областите на науката, образованието, културата и безбедноста. Земјата дури поднесе 1,18 милијарди евра во фондот за проширување на ЕУ, кој ги помага финансиски новите членки од Источна Европа.
Проблеми
Сето ова предизвика политички проблеми. Пред две години растечката имиграција ги растревожи швајцарските гласачи и ги натера да го одобрат со референдум ограничувањети и протерувањето во Швајцарија на граѓани од ЕУ, односно да го отфрлат принципот за слобода на движење.
Брисел реагира веднаш.
Швајцарските универзитети не можат веќе да учествуваат во европски проекти. Швајцарски студентите во иднина нема да имаат пристап до европската програма “ЕРАЗМУС” за студентска размена.
“Исклучувањето на оваа програма е голема пречка за нас”, вели Андреас Мортенсен, заменик-ректор на швајцарскиот Федерален институт за технологија во Лозана.
“За еден истражувач природно е подобро да остане во ЕУ. Тоа дава интелектуален авторитет и ја олеснува соработката меѓу научниците”, додава тој.
Санкциите на ЕУ веќе беа почувствувани од студентката Цилија Шварц вклучена во програмата “ЕРАЗМУС” и планирала патување до Холандија врз основа на размена.
“Предвидено беше да заминам, но потоа дојде овој референдум и сфатив дека не можам да одам таму”, вели таа.
На крајот швајцарската влада и помогна на Цилија Шварц и нејзините колеги – Берн почна да плаќа одделно на секој европски универзитет, за да ги примат таму студентите од Швајцарија.
А сега каде?
Сите постигнати со толку труд договори меѓу Швајцарија и ЕУ може да бидат ставени под прашање поради нејзиното одбивање да ги следи принципите за слобода на движењето во Европа.
Швајцарската влада се уште не го ограничува бројот на мигрантите кои пристигнуваат секоја година од ЕУ, и се надева дека ќе најде излез од ситуацијата, при која да не биде казнета од Брисел.
Но, работите веќе тргнуваат на лошо. Брисел го замрзна не само учеството на Швајцарија во научни проекти, но и преговорите за клучни за Швајцарија договори за финансиски услуги и снабдување со електрична енергија.
Дотолку повеќе, со Швајцарија нема да се потпишуваат никакви договори, пред да заврши британскиот референдум, изјави Брисел.
И штом Брисел не е склон на попусти во слободното движење по барање на земја од ЕУ, како што демонстрира на преговорите со Велика Британија, колку е веројатно дека ќе овозможи европската миграција да се ограничува со земја надвор заедницата?
“Сите велат дека Британија може да ја напушти ЕУ, но никој не кажува што ќе се случи потоа”, предупредува Дитер Фрајбургхауз.
“Што ќе се случи со договорите склучени со ЕУ? Швајцарија има 120 такви договори. Ќе започне ли Британија исто така да преговара за 120 договори? Ќе се вклучи ли кралството во Европската економска зона? Нема јасност во сето тоа”, вели тој.
Со други зборови, Швајцарија покажува дека животот надвор од ЕУ е можен, но нема да биде лесен.
