“Да го задушиме тероризмот со недостаток на интерес”

од desk3
89 прегледи

 

Како реагираат политичарите и медиумите на тероризмот? Зошто се почесто се тврди дека медиумите “лажат” по нарачка на владата? Свесни ли се милионите во мрежата, дека таму веќе не се води дискусија, туку се излеваат немоќ и гнев?-анализара DW.

0,,15981818_303,00

“Неодамна” Исламска држава “веќе ја презема одговорноста за секој украден велосипед во Германија” – со иронија вели колумнистот на германскиот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”. Пропагандата на исламистите, хистеријата околу бегалците и општата несигурност, како од медиумите, така и политичарите, кои час по час треба да излезат со став,вршат силен стрес кај луѓето- сметаат медиумски експерти и политолози.

Колумнистот на “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” констатира дека реакциите на политичарите можат да се групираат во две апсолутно спротивставени “страни”. Првата звучи панично, во неа политичарите повторуваат колку се потресени, прекинуваат одмори, одбиваат официјални посети и алармантно зјапаат во камерите. Но најмногу повторуваат дека се наоѓаме “во војна”. Колку и да е парадоксално, вториот одговор на тероризмот звучи сосема на спротивен начин: се е во ред, бидете спокојни!

Третиот можен одговор го дава политикологот Хериберт Мюнклер, според кого најдобрата стратегија против тероризмот е да го задави со недостаток на интерес и со “намуртена рамнодушност”.

Кое е важно, кое е точно, а што е лага?

“Денес медиумите носат дел од одговорноста, ако не и вината за тоа дека проблемите изгледаат толку стресни” – вели издавачот на германскиот весник “Ханделсблат” Габор Штајнгарт. Се согласува и специјалистот за комуникации Мартин Емери. Благодарение на интернет денес секој има пристап до огромна база на информации. Воопшто не е лесно сепак за просечниот човек да ги категоризира и сортира овие информации по важност и веродостојност. До неодамна оваа активност ја вршеа новинарите, потсетува Емери и додава: “Денес сепак јас одам низ мрежата сам и постојано, без никаква помош, треба да решавам што е важно, што е точно, што е лага. И најважно: во што всушност сакам да верувам, а што не сакам? ”

0,,18762687_404,00

Вентил на фрустрации и гневот

Во Германија, а и на друго место во Европа, постојат многу луѓе кои гледаат со страв и непријателство на бегалците и мигрантите, се плашат од теророт и ги обвинуваат традиционалните медиуми за лаги и пропаганда, порачани од владата. Неодамнешните истражувања покажуваат дека тоа дополнително ја вжештува атмосферата и и дава претерана драматичност. Мартин Емери смета дека интернетот стана во вентил, со чија помош многу луѓе го истураат своето незадоволство против политичарите. И во исто време пак на интернет овие луѓе можат да си избираат што да читаат, слушаат или гледаат – и обично го избираат само она што им се допаѓа. Така не останува никакво место за вистински спор, бидејќи на аргументите веќе не се обрнува внимание. “На интернет навистина е полно со информации, но таму се виорат гнев и фрустрација, а не дебати. Зашто мнозина едноставно не знаат како да се справат со информациите “, резимира во својот коментар Мартин Мајр од AРД.