Во својот напис за Brookings.edu рускиот економист Сергеј Алексашенко сака луѓето да престанат да ја нарекуваат Русија слаба. Тој тврди дека всушност Русија е многу посилна отколку што многумина веруваат – вклучувајќи го и Барак Обама и британскиот воен историчар Лоренс Фридман, пишува новинарот Павел Баев за американското издание The Brookings Institution.
Нo Русија е слаба, а рускиот претседател Владимир Путин е уште полошо. Алексашенко не ја разбира моќта на Русија, бидејќи прави три многу сериозни грешки, тврди Баев.
Прво, тој смета дека силата и слабоста се статични и затоа не обрнува внимание на трендовите. Второ, фокусирајќи внимание врз најслабите соседи на Русија, тој не забележува дека повеќето западноевропски земји не се плашат од Русија. И, трето, тој погрешно смета дека Путин може да ја користи ефикасно моќта на Русија и поради тоа продолжува да ја задржува својата власт.
Прво, силата и слабоста се динамични категории, односно со времето може да се менуваат. Независно од тоа дека Русија сега демонстрира воена моќ во Украина, оваа поранешна супер држава постепено слабее. Како Алексашенко добро знае, сегашната економска криза во Русија не може да биде претворена во пораст со една заповед и економијата на земјата ќе се урива се повеќе и повеќе.
А она што помалку воочливо за многумина кои ја следат Русија, е дека воената моќ, демонстрирана со таков патос на Црвениот плоштад на 9 мај, исто така слабее.
Недостатокот кај Русија на убедливи и конструктивни политички или стратешки цели во односот кон Украина ги деморализира тајно внесените таму војници. Плашејќи се дека зголемувањето на загубите во зоната на воените дејства ќе доведе до политички последици внатре во сопствената држава, Путин ги направи тајни податоците за загубите во личниот состав на армијата за време на специјалните операции во мирно време, и ги прогласи за државна тајна.
Трошоците за водење на воени дејствија растат драстично, а прекумерните трошоци за приоритетната државна програма за вооружување до 2020 се уште се една точка на списокот од досадни финансиски грешки. Сериозните руски економисти прекрасно разбираат дека контролата над воените трошоци недостигаше во последната финансиска година. Но слични трошоци може да бидат бескрајни и оваа година, најверојатно, се очекуваат значителни намалувања во одбранбениот буџет.
Второ, говорејќи за тоа како Русија ги плаши соседите, Алексашенко не зема предвид дека кај многу од соседните држави Русија не предизвикува страв. И ако Грузија смета за потребно да манифестира внимателност и да избегнува конфронтација, тогаш Естонија и Латвија го користеа притисокот од страна на Русија со корист за себе во стратешките односи, барајќи и добивајќи суштинска помош од НАТО. Москва продолжува со воените провокации во Балтичкиот воен театар, но при тоа се разбира дека на крајот соодносот меѓу воената моќ во овој регион не е во нејзина корист. НАТО постојано ја следи безбедноста на своите северни граници, но Русија не располага со особени способности или воопшто не е во состојба да води истовремено две “хибридни војни”.
Во 1940 година Сталин метеорски ги освоил трите балтички држави, собирајќи армија од 600 илјади луѓе,а сега за претстојната (и целосно веројатна) офанзива во Донбас Путин може да активира само околу 50 илјади луѓе.
И конечно, дури и со оваа моќ, со која Русија располага всушност, не е задолжително да му овозможи на Путин да ја задржи власта. Дескриптивен пример за тоа е испораката на руски гас во Европа. Како што правилно забележува Алексашенко во некои односи Русија располага со средства за притисок, како што се гасот, кој е важен за економијата и на двете страни, како и “еколошките” алтернативи кои се разгледуваат од ЕУ.
Гасот е главен извор на руската економска и политичка моќ (иако и тука можностите за претворање на овие испораки во политички инструмент за обезбедување на безбедноста се ограничени поради оваа единствена позиција која ја заземаа земјите-потрошувачи на чело со Германија.)
Доминантното влијание на Путин во руската политика порано се базираше на прераспределбата на зголемените приходи од продажба на јаглеводороди (друг извор на руската моќ) помеѓу влијаниете земји, но па нешто да останува и за другите.
Но, кога цените на енергенсите паднаа, на него му се наложи да влезе во улогата на воен-началник. Победоносното освојување на Крим дојде точно навреме. Но неверојатно високата популарност на Путин е едно минлива и неодржлива појава и затоа тоа треба да биде поддржано со помош на широка пропагандна кампања и нови победи, смета Баев.
Моќниот бран народна поддршка му дава сили на Путин и тој не може да претпостави дека неговиот вештачки зголемен рејтинг на доверба почна да паѓа. Само тој ги носи одлуките само тој знае државните тајни. Но за да се води војна, била таа да е и “хибридна”, е потребен тим од квалификувани и верни помошници. Путин ги знае сите лоши тајни на Кремљ со неговите бескрајни расправии и нечесно освоената состојба и тој знае дека не може да се довери на Кремљ.
Затоа повисоката власт на Путин е многу ранлива отколку што изгледа. Тој прекрасно знае каква страшна судбина ги стигнала повеќето диктатори кои навидум биле безбедни во дворците , тврди Баев.
Дилемата на Путин
Путин се покажа во класична стапица – Русија постепено се лишува од своите воени предности и ќе продолжи да ги губи и понатаму. И тој треба да ги искористат овие предности, што е можно поскоро. Путин, најверојатно, го смета за неповолна примирјето во украинскиот конфликт и грмењето на орудијата, кои неодамна беа обновени во предградијата на Донецк, изгледа покажува за колапс за Минскиот договор за прекин на огнот.
Русија, која весело ја премина депресивни фаза од стагнацијата, сега доживува пад. А за зачувување на поддршката од народот на руските власти им е крајно неопходна нова победа. За едно Аскашенко е во право – Западот не може да се помири со тоа положба на работите и затоа треба да се разгледаат нетрадиционални мерки кои може да бидат преземени како одговор на путиновата агресија.
Навистина, овие одмазднички мерки треба да бидат нешто повеќе од предлозите на државниот секретар на САД Џон Кери по средбата со Путин. Времетраењето на овој монолог (Кери немаше што да каже) сведочи за тоа колку Путин е загрижен. Тој треба да донесе одлука за украинското прашање пред слабоста на Русија да стане очигледна. На крајот на краиштата Путин не е роден менаџер во кризни ситуации или оној кој е подготвен да го преземе ризикот на себе. И Западот, користејќи сила, може да го одземе.
