Сиромаштијата, заедно со војните и тероризмот во светот, ги претвора луѓето во бегалци. Затоа помошта за развој не може да ги запре бегалските текови. И политичарите треба конечно да го признаат тоа, тврди во својот коментар А. Пранге.
Имало едно време една политичка приказна. Дејството се развиваат во спокојниот град Бон. Политичарите ја расправаа секој ден на телевизија. Тие сакале да им помогнат на бегалците, како што вели, со многу пари. Сакале да ги посетуваат бегалците во нивните родни земји, да градат училишта и болници, да поставуваат вода за пиење. Така сакале да донесат мир и помирување …
Веќе од 20 години политичарите ја раскажуваат оваа бајка. Нејзиното наслов е “Борба со причините кои доведуваат до миграција”. На 23 мај 1993 година оваа бајка доведе до сериозно ограничување на основното право на азил, внесено во став 16 на германскиот устав. И пратениците-социјалдемократи веруваа во оваа приказна и исто гласаа тогаш во Бундестагот за спорниот компромис за азилот.
Помошта за развој не ги спречува војните
Оваа приказна имаше лош крај. Последниот бегалски извештај на Амнести интернешенел го разоткри политичкиот сон како лага за бегалците. Бидејќи и покрај зголемените буџети за помош за развој, 50 милиони луѓе се претворени во бегалци. И тоа е најголемата бројка од крајот на Втората светска војна наваму. Очигледно глобалните бегалски кризи не можат да бидат решени со пари за борба против наводните причини за бегство од кризните региони. Ниту сегашната војна во Сирија, ниту војните на Балканот во 90-тите години можеа да бидат спречени со меѓународни проекти за економски развој.
Германските министри не се виновни што агитираат за повисоки буџети за министерствата со сувопарни фрази како мир, слобода и превенција против теророт. Точно е и тоа дека зголемените буџети за помош за развој се фундамент за намалување на сиромаштијата во светот, подобрување на шансите за образование и инфраструктурата во земјите во развој и растечките земји. Сепак е претенциозно да се смета дека само помош за развој може да обезбеди мир и безбедност. Искуството покажува дека помошта за развој ги помага мировните процеси, но не може да создаде политичките предуслови за нив.
Оружје за диктатори
Затоа е неодговорно кога германските политичари постојано тврдат дека со дополнителни средства можат да се борат со причините за бегството на луѓе од кризните земји. И уште нешто – политичката приказна за помошта за развој отстапува од всушност најважните мерки на штета на дебатата за бегалската политика и го остава без одговор неудобно прашање. Како ова: зошто на повикот на ОН за донации за Либан беа собрани само 18 проценти од потребните средства, иако мала земја со 6 милиони жители крие цифра од 1,2 милиони бегалци од Сирија? Или пак зошто Германија испорачува оружје на Саудиска Арабија, иако саудиското кралство е вмешано во војната во Сирија?
Помошта е знак за хуманост
Отсуството на политичка конзистентност е добредојдена за диктатори како претседателот на Судан или сирискиот претседател. Играта на угнетување е дел од политичкиот репертоар и во Зимбабве, Саудиска Арабија, Русија и Кина, како што покажува и блокадата во Советот за безбедност на ОН.
Но времето на политички приказни заврши. Бегалските драми во Медитеранот, како и на брегот на Индонезија и Малезија, не дозволуваат повеќе угнетување. Германија и Европа треба се изборат за заедничка хуманитарна бегалска политика. И не само за да спасуваат животи, туку и да се разликуваат од човеко ненаситните режими. Бидејќи вредностите треба да се бранат во реалниот свет, а не во бајките.
