Да одговараат судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата, од иницијатива „Нула“, најавија протести

од Milan1
199 прегледи

Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат од страна на млади лица од иницијативата „Нула“. Од Иницијативата за во понеделник најавија протест кој ќе се одржи пред Основниот суд во Тетово. Тие ќе побараат од судиите и обвинителите правда за 59 загинати во дискотеката во Кочани, за загинувањето на 14 пациенти од модуларната болница во Тетово, за жртвите од автобуските несреќи во Ласкарци и во Бугарија и за други нерасчистени случаи.

Симболичното оставање на ПП апарат пред Основниот суд во Тетово, е со објаснување дека институциите пречесто ни се запалуваат.

„Да ја разоткријат вистината, да ги изведат пред правдата, да ги стават зад решетки вистинските виновници и тие што се одговорни за трагедијата во Кочани, каде што загинаа 59 млади, за пожарот во модуларната болница во Тетово , каде што загинаа 14 наши граѓани, за несреќата со „ Беса Транс“ во Бугарија , каде што загинаа 45 граѓани , за несреќата со „ Дурмо Турс“ во Ласкарци , каде што загинаа 16 граѓани. И за многу други трагедии, за кои што, за жал немаше никаква казна до ден- денеска. Исто така , ваша должност е да ги изведете на одговорност и судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата во овие и други случаи“ изјави Бленди Ходаи- иницијатива „Нула“.

Слични содржини