Гласините за турбуленции во бракот на Џастин и Хејли Бибер почнаа да кружат откако пејачот накратко ја „отследи“ сопругата на Инстаграм на крајот на јануари. Потоа изјави дека неговиот профил бил „хакиран“, но другите знаци на неволја се потешко се објаснуваат.
Во последните неколку недели јавноста ја загрижија фотографиите и видеата на 30-годишниот пејач кој понекогаш не носи ни кошула на ниски зимски температури и изгледа изнемоштено, а поради видеата на кои се чини дека е под дејство на опијати почнаа да се шушка дека е зависник од дрога.
На Џастин Бибер не му оди во прилог што неговата сопруга Хејли, која е две години помлада од него, се поретко се појавува во јавност со него, а неодамна вечерале одделно во истиот ресторан во Вест Вилиџ откако Џастин пристигнал само 45 минути по заминувањето на неговата сопруга.
Токму Хејли, сите овие месеци, од апсењето на Шон Диди Комбс, под чиј заслуга Џастин ја започна својата кариера, беше најголемата поддршка на Бибер, обидувајќи се на секој начин да го спречи да падне во депресија. Но, очигледно не била претерано вешта во тоа, што го докажуваат сите тие снимки и фотографии.
Велат дека последната капка била објавата за веридбата на неговата поранешна девојка Селена Гомез и бившиот пријател Бени Бланко, која речиси го скршила. Велат дека Бланко бил личноста на која Бибер ѝ се доверил кога раскинал со пејачката, па предавството навистина го повредило.
Сето тоа на Хејли ѝ било исклучително тешко, бидејќи, велат добро упатени извори, „лудо го сака“. „Тој е непредвидлив, поради што некои нејзини пријатели ја советуваа да оди и да го остави“.
Дали Хејли ќе ѝ даде нова шанса на љубовта и ќе направи се за да го спаси бракот, но и Џастин да не потоне на дното, ќе видиме во наредниот период.