Да се ​​родиш во Донбас- нагоре високо, надолу длабоко…

од desk3
111 прегледи

Бебиња без акти за раѓање и венчани без соодветни документи: се повеќе жители на т.н. народни републики во Донбас се соочуваат со сериозни проблеми со легитимирањето. Надвор нив документите не им се признаваат.

0,,15969035_303,00

Судирите меѓу проруските сепаратисти и украинските сили за безбедност го комплицираат животот на луѓето во Источна Украина исто така и за време на лабилното примирје. Во пракса за една година три милиони луѓе во Донбас живеат во сива правна зона. Според украинскиот закон, граѓаните на т.н. Доњецка и Луганска народни републики се украински граѓани. Проблемот сепак се состои во тоа што во контролираните од сепаратистите области не можат да бидат издавани украински пасоши и акти за раѓање.

Од друга страна Украина не ги признава документите со печати на една од двете самопрогласена републики. Но животот продолжува и луѓето бараат решенија. Службите за граѓански статус во “народните републики” почнаа да издаваат сопствени формулари. “Кај нас луѓето не престануваат да се женат”, вели вработен во Донецката служба за граѓанска состојба. Тој сепак предупредува дека надвор од територијата на т.н. Доњецка народна република сертификатите за граѓански брак и актите за раѓање се неважечки.

Службите за граѓанска состојба располагаат и со украински формулари кои сепак се неважечки од ноември 2014 година. Социјалните мрежи се полни со постови на млади мајки. “Како можам да добијам украински извод за раѓање на моето дете”, прашуваат повеќето жени од Донецк и Луганск.

Правни пропусти

Всушност, луѓето во контролираните од сепаратистите региони би можеле да добијат лесно украински документи. Доволно е да ја преминат “границата” и да се обратат кон релевантните украински органи. Украинската служба за граѓанска состојба издава секаков вид сертификати. Но токму тука почнуваат проблемите. Секој кој сака да премине “границата”, има потреба од пасош, за кој сепак треба да чека километарски редици. И тоа не е најголемото зло. Кога се роди бебе во болница во контролираните од сепартистите области, “Министерството за здравство” на самопрогласената република издава акт за раѓање. Украинската администрација сепак не ги признава овие сертификати. “Сите млади семејства со мали деца, кои ги познавам, имаат огромни тешкотии да добијат украински извид за раѓање”, вели една млада мајка.

0,,18517778_401,00

Истиот проблем се јавува и при издавање на смртни акти. Министерството за правда на Доњецката област што се наоѓа во контролираната од Киев територија, признава дека постојат правни недоразбирања. Во одговор на прашање на Дојче Веле не уверуваат дека проблемот ќе биде решен во иднина заедно со Министерството за здравство. А дотогаш споровите треба се решаваат во судот.

Пазарот на црно цвета

Луѓето сепак бараат други начини за решавање на проблемите. И ги наоѓаат на црниот пазар. “За украинскиот пасош на 16-годишна ќерка платив 100 евра. Не можевме заедно да ја преминат границата, бидејќи немавме пасош”, раскажува една жена од Донецк.

Луѓето зборуваат за колосални суми кои ги плаќаат на посредниците за украински документи. Без валиден украински пасош тие не можат да патуваат и до соседна Русија. Повеќето од жителите на Донбас сепак не знаат како може да се добие валидно украински пасош. Поддржувачите на самопрогласените републики се надеваат дека властите брзо ќе почнат да издаваат руски документи за лична идентификација. Тоа сепак не се случи и тие продолжуваат да имаат потреба од украински лични документи.

Бесплатни документи

Во меѓувреме, во девет административни окрузи во Украина и во Киев администрациите почнаа да издаваат бесплатно нови украински пасоши и за жителите на “конфликтните зони”. Само во Киев има изградени 11 такви центри, вели директорката на Канцеларијата за граѓанско состојба во Киев Наталија Шамрај.

“Во Киев нема никакви проблеми за издавање пасоши. Веќе нема и редици, како во есен. Слушаме дека луѓето во Донбас плаќаат огромни суми за пасоши на црниот пазар. А оваа услуга е бесплатна. Тие не треба да ја бараат на црниот пазар , бидејќи на тој начин ја поттикнуваат корупцијата “, уверува Шамрај.