„Да живее Долна Дупка“ – Коле Ангеловски со нова премиера во Театар Комедија

од Aneta Risteska
37 прегледи

Театар Комедија вечерва, 29 јануари ќе ја прикаже премиерата на „Да живее Долна Дупка“. 
Автор и режисер е Коле Ангеловски.

Соработката на Театар Комедија со овој македонски театарски и филмски глумец, режисер и драмски автор продолжува на барање на публиката на Театар Комедија, која го познава творечкиот набој на Коле Ангеловски преку досегашните две успешни претстави на сцената на Театар Комедија, Ах, љубов моја, претстава со која и официјално почна да работи Театар Комедија во 2012 година и Не сега драга од Реј Куни во 2018 година.

Сценограф и автор на плакат е Илина Ангеловска, костимограф на претставата е Марија Ѓоргиевска, автори на музика Оливер Митковски и Андреја Ристевски, фотографиите на Кире Галевски, проекциите на Михаил Петров. Во претставата играат Горан Ников, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Жаклина Стевковска.

Првата реприза е закажана за утре, 30 јануари.

Слични содржини