Претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ денеска изјави дека за него нема дилема каков став требало да заземе Србија кон интегритетот и суверенитетот на Украина, ниту пак за осудата и санкциите кон Русија.
„Ние имаме само еден интерес, а тоа е Србија, не е наша задача да се однесуваме онака како што очекува Западот и да воведуваме санкции, ниту да ја фалиме Русија и да признаеме се што тие направиле и да признаеме се што дополнително признале. Не е наша улога да војуваме со Русија или Украина, ниту да се поддржуваме, туку да видиме што е најдобро за нас“, рече Дачиќ на прес-конференција во Палатата Србија.
Објаснувајќи ја својата позиција, тој иронично праша „дали осудата на Русија од страна на Србија и воведувањето санкции за таа земја ќе значи повлекување на признавање на независноста на Косово“.