Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, денес изјави дека е тешко да се најде политичка гарнитура во Косово што би била позитивна кон ставовите на Србија.
„Секогаш кога има нови избори на Косово, има тензии околу формирањето на нова влада во Приштина, а најважен за нас е мирот“, изјавил Дачиќ за ТВ Хепи, истакнувајќи дека многу се работи се случиле на Косово во претходниот период.
Според него, „несериозно“ е што помина толку време додека Уставниот суд во Приштина донесе одлука тамошната влада практично да падне, како што пренесуваат медиумите.
Тој рече дека сега, за првпат, Собранието ќе го разгледа извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија, додавајќи дека Европската унија (ЕУ) постојано вели дека брзината на пристапувањето зависи од преговорите со Приштина.
„Но, недостасуваат неколку реченици, дека ЕУ не стори ништо за да ги спроведе договорите постигнати меѓу Белград и Приштина. На секои пет минути, Приштина наоѓа некаков изговор“, изјавил Дачиќ.
Одговарајќи на обвинувањата на опозицијата за предавство на Косово, тој рече дека Косово „не само што не било предадено, туку се вратило на преговарачката маса“.
„Работата сега е да се спаси она што може да се спаси“, заклучил Дачиќ.