Ivica-Dacic-Kolinda-Grabar-Kitarovic-620x350

Потпретседателот на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ рече дека изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека Загреб мора да постави ограда на границата со Србија за да се заштити од приливот на бегалци, не е европска, јави Танјуг.

– ЕУ повеќепати рече дека подигнувањето огради и ѕидови на границите не се европски одговор, изјави Дачиќ.

Дачиќ не даде коментар за различните пораки кои доаѓаат од Хрватска, со оглед на тоа дека премиерот Зоран Милановиќ само ден пред изјавата на Китаровиќ рече дека таа држава нема да гради ѕидови и да подигнува граници.

– Тоа се нивни внатрешни односи, заклучи Дачиќ.

Хрватската претседателка изјави дека на таа држава во иднина ќе и биде потребна „некаква ограда“ на границата./МИА

Слични содржини