Убиецот од Лесковац Н.А.(18) и неговата жртва А.И.(17) се познавале од порано и веќе имале нерасчистени сметки. Ова го изјавил српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, гостувајќи во утринската програма на телевизија „Пинк“.
„Вчера му се јавив на началникот на полициската управа во Лесковац да прашам за позадината на убиството во Лесковац. Тој вели дека се познавале и дека ден-два претходно имале конфликт и дека тоа е продолжение на конфликтот“, информирал Дачиќ.
Според него, во целата приказна има и трето лице кое било таму, но било утврдено дека не учествувало во убиството.
„Третата страна е само сведок кој е роден 2009 година“, додал Дачиќ.
Да потсетиме, вчера беше уапсен Н.А., откако наводно смртно го претепал А.И, кој подоцна од повредите починал во Општата болница во Лесковац.