Дачиќ: Приштина се обидува да ја избегне одговорноста за убиството на полицаецот Крсмановиќ

од Илинка Илиоска
23 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека властите во Приштина се обидуваат да ја избегнат одговорноста во врска со убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ во Лозница бидејќи, како што рече, по бегството на убиецот Фатон Хајризи не била распишана потерница од затворот во Косово, односно косовските власти.

Дачиќ за српските медиуми изјави дека се работи за убиство со умисла, во кое се инволвирани повеќе различни центри на моќ, но дека албанската страна се обидува да го поврзе убиството со криминал, а не со тероризам.

-Сега се обидуваат да се извлечат од таа ситуација дека тој наводно избегал од затвор, а по него за сето време не била распишана потерница. Се поставува прашањето како е тоа можно и како веќе бил тука во Прешево и Бујановац по бегството, а легално не ја преминал границата – рече Дачиќ.

Тој најави дека надлежните ќе ги истражат сите околности на овој случај, каде се движел Хајризи и како дошол до документи кои не се негови, како и тоа кој му помогнал за бегството. Српскиот министер за внатрешни додаде дека со истрагата ќе се одговорат сите важни прашања околу Хајризи.

Слични содржини