Дачиќ се огласи за задржувањето на Северина на граница

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека хрватската пејачка Северина Вучковиќ не била приведена ниту уапсена, туку само била контролирана на граничниот премин и ѝ е дозволен влез во земјата, додавајќи дека во Србија не постои „вербален деликт“.

Дачиќ, по потпишувањето на договорот со министерот за информации и телекомуникации, Дејан Ристиќ, пред новинарите изјави дека списоците за граѓанска контрола ќе бидат укинати, освен во случаите кога постои сомневање за извршување на кривични дела, тероризам или опасност по безбедноста на државата. .

„За да избегнеме злоупотреби ќе ги укинеме сите списоци“, изјави Дачиќ по повод пишувањата во медиумите дека Северина во неделата вечерта била приведена на српската граница со Хрватска.

„Секоја земја во светот има право да одбие влез во земјата без образложение“, рече тој и повтори дека во Србија не постои „вербален деликт“.

Слични содржини