Дачиќ: Седницата на СБ на ОН посветена на Косово ќе се одржи утре

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека добил порака од министерот за надворешни работи на Гвајана, која претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации, дека седницата на тоа тело на ОН посветена на Косово ќе се одржи утре во 21 часот, и тоа во отворен формат.

Дачиќ истакна дека Србија на седницата ќе ја претставува претседателот Александар Вучиќ, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини