Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, остро реагираше на денешната акција на косовската полиција на северот на Косово. Тој изјави дека Албин Курти продолжува да го тероризира српскиот народ на Косово и Метохија, со упад во филијалите на Поштенската штедилница.
Тој го постави прашањето до кога меѓународната заедница ќе остане пасивна на оваа ситуација.
Дачиќ истакна дека ако конфискацијата на средства е дел од стратегијата на Курти, која е поддржана од Западот, се поставува прашањето што би можело да следи – дали тоа би можело да вклучува понатамошно притискање и потенцијално насилство врз српската заедница. Тој предупреди дека ако меѓународната заедница не преземе активна улога, оваа ситуација може да ескалира во повеќе конфликти на Балканот со непредвидливи последици.