Дачиќ за референдумот: Опозицијата одбива да учествува оти знае каков ќе биде резултатот

од Nikola Popovski
42 прегледи

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави денеска дека опозицијата одбива да учествува на советодавниот референдум бидејќи знае каков ќе биде резултатот и дека всушност сака власт без избори.

„Веднаш видовте дека опозицијата одбива да учествува во ова, бидејќи знае каков ќе биде резултатот. Ова е „лакмусов тест“, да се види дека имате работа со политичари кои сакаат власт, но ако е можно и без избори затоа што знаат дека не можат да добијат добри резултати на изборите, изјавил Дачиќ за РТС.

Тој додал дека идејата за советодавен референдум е да се провери расположението на граѓаните.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика во вторник опозициските партии, по повод истражувањето на јавното мислење на организацијата ЦРТА, да поднесат потписи за советодавен референдум за српскиот претседател, нагласувајќи дека легитимитетот е најважна работа во политиката и дека суверенитетот произлегува од волјата на народот.

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ денеска ќе поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на претседателот Александар Вучиќ.

Слични содржини