Dacia ја напушта идејата за (само) евтини брендови?

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Прво Volkswagen го направи тоа со Škodа, а по истиот пат изгледа и Renault оди со Dacia. Ако се сеќавате, Škodа некое време беше евтина, а потоа по одличните продажни бројки, цените и квалитетот почнаа да растат. Renault сега цели на повисоки маржи за Dacia, нејзиниот романски бренд. Новата идеја е „вредност за парите“, а целта не е само да се продаваат евтини автомобили.

Маржите на Dacia сега се 10 проценти, изјави извршниот директор Лука де Мео во неговиот ажуриран стратешки план, а марката ќе достигне 15 проценти до 2030 година. Тоа ниво е слично на она што сега го постигнуваат премиум брендовите како BMW и Mercedes-Benz, пишува Automotive News Europe.

Dacia сега е подготвена да го нападне попрофитабилниот компактен сегмент, почнувајќи од сегашниот Jogger со седум седишта. Компактниот SUV, Bigster, би требало да се појави во 2024 година, а до 2030 година ќе го следат уште два компактни модели, пишува магазинот HAK.

– Dacia храбро ќе влезе во компактниот сегмент, каде што маргините се најмалку двојно повисоки од денешните – рече Де Мео, кој ја опишува Dacia како златна грутка на Renault.

Се чини дека моделот како Sander ќе остане како важна мамка за клиентите, но идејата е да се премине во сегменти каде маржите и профитот се многу поголеми.

Слични содржини