Dacia Spring на одредени пазари во ЕУ по цена од само 10.990 евра

од Vladimir Zorba

Единствениот модел на Dacia со нулта емисија може да се купи на одредени пазари во ЕУ за „бедни“ 10.990 евра во основната верзија. Во цената е вклучена субвенцијата за електрични возила и програмата за финансирање на Dacia.

На почетокот на април Dacia ги објави цените на новиот, редизајниран Spring. Единствениот електричен модел на романскиот производител е достапен во три пакети на опрема, т.е. Essential, Expression и Extreme, а може да се нарача со мотори од 45 или 65 КС, во зависност од избраниот пакет на опрема.

Цените на новиот „фејслифтиран“ Spring започнуваат од 16.900 евра со вклучен ДДВ за основната верзија Essential, додека за Spring Extreme клиентите мораа да издвојат најмалку 19.900 евра со вклучен ДДВ пред да бидат вклучени субвенциите.

Слични содржини