Дадилката која претепала двегодишно девојче до смрт, пред нападот пребарувала на Гугл „како да се претепа дете кое не е твое“, соопштиле од американската полиција.
Кирсти Хана Флоуд (29) е обвинета за убиството на Фелон Фридли што се случи минатата среда.
Флоуд, кој е по потекло од американската држава Џорџија, ѝ кажала на полицијата дека девојчето ја удрило главата од тобоган, но потоа била уапсено, пишува „The Mirror“.
#KirstieFlood, a babysitter in Georgia, has been arrested and charged with murdering 2-year-old #FallonFridley. https://t.co/Xh0FsdJjwl
— OK! Magazine USA (@OKMagazine) December 16, 2020
Лекарите утврдиле дека девојчето имало скршен череп и критични повреди на црниот дроб, слезината и дебелото црево.
Мајката на девојчето, Кристин Фридли Гант, која се познавала со Флоуд веќе пет години, изјавила за „WSB-TV“ „како со години злото се наоѓало пред, но таа не го видела“.
Малата Фалон починала во детска болница во Атланта по компликации по здравјето од повредите.
Фолуд е обвинета за убиство со предумисла, напад и злоупотреба на малолетничка.