Најновиот тјунинг проект на Dahler Competition е модифицираниот BMW X4 M40i (G02 LCI).

Возилото има фабрички 360 КС, додека во овој случај располага со 410 КС и 610 Nm, односно 430 КС и 630 Nm со другиот пакет.

Покрај тоа, понудата вклучува и спортски систем со четири издувни цевки (во мат црна или сребрена боја), тркала од 20, 21 или 22 инчи (во бојата на жлебот), спортски пружини (автомобилот е понизок за 25 mm), како и нови детали за ентериерот според индивидуалните желби на клиентот.