Прашањето за “руската закана” отвара противречности меѓу Вашингтон и Пентагон за тоа како да се реагира на предизвиците за националната безбедност на САД, пишува интернет-изданието The Daily Beast.

“Додека Белата куќа е фокусирана на договорот со Иран одржан со непосредното учество на Москва, војската се повеќе се загрижува поради враќањето на руската мечка “- наведува весникот.
Високи функционери од Пентагон сметаат дека прогласувањето на Русија како “главна закана” ќе го отвори патот за испорака на американско оружје за Киев, се вели во публикацијата.
Војската се обидува да ја убедат администрацијата на Обама за присуство на “руска закана” од политички мотиви – така ќе им успее да ги добијат барањата за буџет, материјални и човечки ресурси за нејзиното “воздржување”.
“Во администрацијата сметаат дека создавањето на листата со закани не е најпродуктивниот начин за развој на воена стратегија” – сподели дискретно претставник на Пентагон.
Во Белата куќа не се согласуваат дека Русија е “егзистенцијална закана” за националната безбедност на САД и не ја делат линијата на конфронтација и притисок над Москва, избрана од голем број високи воени чиновници.
Во буџетот на Пентагон за 2015 година се одобрено околу $ 1 милијарда за “навремено реагирање на растечките потреби на сојузниците и партнерите во Централна и Источна Европа”, а сепак Белата куќа нема по секоја цена да го испорача смртоносно оружје за Киев. Порталот забележува дека војската ги “бие камбаните”, но дури и во рамките на одбраната не сите клучни позиции се убедени во потребата од донесување на ваква одлука.