Daily Express: 3/4 од имигрантите од Источна Европа се ниско квалификувани

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Анализа на официјалните податоци од организацијата “Мигрејшн воч”, која се занимава со следење на имигрантите во Велика Британија покажува дека 630 000 од вкупно 870-те илјади новодојдените во Обединетото Кралство имигранти се вработени во области како угостителството или работата на штандови, пишува Daily Express .

20150520.avzhbyeoht

Околу 320 илјади луѓе, дојдени од Источна Европа се зафатени во активности кои бараат многу ниско ниво на квалификација, работа која бара само површна обука.Информациите предизвика загриженост дека овој прилив на имигранти го намалува нивото на работните права и ги остава без работа самите Британци. “Ефектот од имиграцијата врз економијата на Велика Британија е негативен. Мораме да најдеме начин да обезбедиме  проток неквалификувана имиграција од ЕУ. Работниците од Источна Европа имаат добра репутација, поради нивната етика, но нивната ниска квалифицираност покренува прашања во врска со нивната вредност. Покрај тоа, тие вршат притисок врз јавните услуги “, изјави претседателот на” Мигрејшун воч “Лорд Грин од Дедингтн.