„Дајте ѝ го детето на мајката“: Петар Грашо ја поддржа Северина

од Stefanija Kuzmanovska
1,6K прегледи

Врховниот суд во Хрватска на пејачката Северина Вучковиќ неодамна ѝ го одзеде старателството над нејзиниот син Александар.

Според таа одлука, целосното старателство му припаѓа на таткото Милан Поповиќ.

Северина ја поддржаа бројни колеги, а сега за оваа ситуација се огласи и пејачот Петар Грашо.

„Искрено ми е жал. Сочувствувам со неа. Мислам дека моќта на јавноста која се крена, која всушност има здрав разум и срце, кажува се што здравиот разум им диктира на луѓето. Се надеваме и на правосудството. А има еден далматински израз кој вели: ‘Дајте ѝ го детето на мајката’“, изјави Грашо за „Телеграф“.

Тој откри и дали контактирал со Северина.

„Се допишував со нејзиниот менаџер. Пред два-три дена беше на Јахорина. Четири месеци не се слушаме, па се слушаме три пати во три дена. Се знаеме 20 години и блиски сме“, навел пејачот.

Слични содржини