Дакота Џонсон направи огромен пробив на големиот екран со улогата на Анастејша во лентата “Педесет нијанси на сива” на романот на Е. Л. Џејмс. Актерката сепак изјави дека професионалните нејзини успеси ѝ влијаат лошо на личниот живот.8905e8ec4c85f3c7cacc3799f38d599b

Минатата година ќерката на Мелани Грифит се раздели со својот пријател Мет Хит и оттогаш нема среќа во љубовта. Според неа причината се должи и на учеството во еротската лента каде што игра невина студентка која се потопува во светот на садо-мазото, вљубена во перверзниот милијардер Кристијан Греј.

“Некој луѓе мислат дека и во животот се интересирам за такви работи, но тоа не е така. Како актерка јас се преправам на екранот. Но претпоставувам дека како и многу мои колеги сум ја заблудила публиката дека личам на својот лик “, призна пред Daily Mirror Џонсон.

А, сепак Дакота нашла решение на проблемот со осаменоста и начини да се забавува и да не страда, дека е неврзана.

“Животот ми се промени драматично. Има денови во кои се чувствувам осамена, но почнувам да гледам филмови и да читам книги и сум среќна што имам време да ги правам овие работи. Ја ценам слободата. За среќа, работата многу ме деконцентрира и не размислувам за личниот статус многу често. Во моментов сум фокусирана на својата кариера “, додаде актерката.

Слични содржини