Далај Лама: Проблемот со тероризмот не сака молитва

од Vladimir Zorba
107 прегледи

По крвавите напади во Париз, првиот рефлекс беше луѓето да се помолат. Во социјалните мрежи веднаш се појави хаштаг #PrayForParis, а светските верски лидери остро го осудија нехумани напади. Тибетскиот духовен лидер Далај Лама изјави дека светот не треба да се моли на Господ за проблемите кои самите луѓе ги создаваат, пишува Дојче Веле.

далај

“Луѓето сакаат да живеат мирно. Терористите се заслепени и тоа е една од причините за убиствата и бомбардирањето. Овој проблем не може да се реши само со молитви. Јас сум будист и верувам во молитвата, но луѓето сами  го создадоа овој проблем, а сега упатуваат молитви кон Бога да го реши. Нема логика. Бог ќе каже, сами да си  го решите проблемот, откако сами го создадовте. Неопходен е систематски пристап до човековите вредности, единството и хармонијата. Ако почнеме да ги применуваме, има надеж овој век да биде различен од претходниот. Дозволете ни да работиме во мир со нашите семејства и општества и не очекувајте помош од Бог, Буда или властите “, вели Далај Лама.

Потсетуваме дека Далај Лама,  во 2011 година официјално се повлече од политичката активност, денес упатува  повици за автономија, а не за целосна независност на Тибет. Но Пекинг, за кој тој е црна овца, го обвинува дека продолжува да работи за независноста на својата татковина.