Дали Апенинскиот полуостров станува жариште за климатската криза?

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Европа и регионот се плашат од најавениот циклон кој се приближува до континентот. За помалку од еден месец, северна Италија по втор пат е под вода. Најтешко е во провинцијата Емилија Ромања.

Црковните ѕвона одекнаа во раните утрински часови на 17 октомври во Траверс на бреговите на реката Ламон. Традиционалниот повик е дел од процедурата за цивилна заштита што ја користат многу италијански градови за да ги предупредат жителите на претстојна катастрофа.

На тоа место, 60 километри јужно од Болоња, безбедно се евакуирани сите 480 жители. Меѓутоа, реката долга едвај 30 километри преку ноќ го променила целиот пејзаж и многу жители оставила без покрив над главата.

Во Италија само шест отсто од домовите се осигурани од природни катастрофи, а само пет отсто од деловните субјекти. Затоа се води жестока, но итна дебата за осигурување на загуби од климатски катастрофи.

За повеќето Италијанци таа е непозната. И додека власта тврди дека овој процент мора да се промени, населението од државата бара поголема безбедност од катастрофи.

Ова е трета разорна бура во Емилија Ромања за помалку од 18 месеци, а е последица на се потоплата атмосфера и Средоземното Море. Затоа Италија мора да смета на зголеменото влијание на временските услови врз животот и економијата инфраструктурата.

Во исто време, климатолозите потсетуваат дека ниту еден агол на планетата не е поштеден од екстремните временски услови.

Слични содржини