Дали би платиле 18.000 евра за основна Corsa? А 37.000 за електрична?

од Radmila Tasevska
814 прегледи

Во четвртокот Opel ја претстави освежената Corsa, но наместо за дизајнот, најмногу се расправаше за цената на овој градски автомобил.

По четири години, колку што е во продажба актуелната Corsa, Opel се одлучи за рестајлинг што треба да го направи овој модел конкурентен на ривалите во наредниот период.

И додека меѓу љубителите на автомобили, како што се очекуваше, копјата се кршеа поради новите стилски решенија, многумина беа шокирани од цената. Додуша, информациите за цената се за германскиот пазар, но веруваме дека нема да има многу отстапувања кога ажурираната Corsa ќе излезе во продажба кај нас.

Имено, основната бензинска верзија во Германија чини од 18.500 евра, а електричната Corsa дури 37.000 евра!

Иако бевме сведоци дека цените на новите (и користени) автомобили драстично пораснаа во последните две години, сепак ни е тешко да поверуваме дека еден, особено градски, чини над 18.000 евра.

А што да кажеме за цената на електричната верзија од 37.000 евра?! Во многу земји, вклучително и кај нас, се одобруваат субвенции за овој тип на автомобили, а сепак, и со намалување од 5.000 евра, електричната корса во Србија би чинела 32.000 евра.

Јасно е дека деновите на достапните (евтини?) градски возила неповратно поминаа, а доколку електричната иднина е неизбежна, ни останува само да се надеваме дека цените на електричните автомобили на крајот ќе паднат на поприфатливо ниво.

Слични содржини