Дали брзото полнење ги уништува батериите на електричните автомобили?

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Стара е тезата дека брзото полнење ги оштетува батериите кај електричните автомобили и им го намалува досегот. Постојаното полнење на Tesla Supercharger или слични станици за полнење со брзини поголеми од 100 kW треба да остави трага… или можеби не?!

Се појави нова студија која ја поништува оваа теза. Американската компанија Recurrentauto анализирала податоци од 12.500 возила на Tesla во САД. Ова се сопствениците на возилата на кои се вршеше дијагностика на акумулатори, пренесе „ХАК“.

Reccurrentauto ги спореди автомобилите што се на брзи полначи 90 проценти од времето со автомобилите што се на брзи полначи помалку од 10 проценти од времето. Американската фирма откри дека нема статистички значајна разлика во намалувањето на опсегот, без оглед на набљудуваните групи.

Recurrentauto наведува дека резултатите од студијата може да се пренесат на други производители на електрични автомобили.

Како да се објаснат овие изненадувачки резултати? Комплексните системи за управување со топлина, напон и батерии инсталирани од производителите на електрични возила ги штитат батериите од оштетување предизвикано од употребата на брзи полначи, објави Recurrentauto.

Но, постојат и ситуации во кои е подобро да се избегнуваат брзи полначи. На пример, при високи температури, без претходно ладење на батеријата. Ова исто така важи и за екстремен студ ако батеријата не е претходно загреана. Американската компанија советува брзиот полнач да не се користи при ниски или високи нивоа на полнење. Тогаш внатрешниот отпор е особено висок.

Слични содржини