Дали бугарски автобуси ќе ги заменат приватните превозници, прашуваат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
109 прегледи

Ја разбираме опседнатоста на Арсовска, Ковачевски и СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и таа е последица на очајниот рејтинг на дуото Ковачевски-Арсовска и нивната акутна неспособност, обвинија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „таквата опседнатост не ги решава проблемите со хаосот во градот Скопје и јавните претпријатија“.

-Она што е очигледно дека дуото Ковачевски-Арсовска се бугарски асови на бугарскиот бизнис и политика во Македонија, и оттука дали е точно дека зад хаосот кој го воведоа седат бугарски бизнис интереси за набавка на автобуси кои веќе се пристигнати во Скопје?

Дали е точно дека нема попуст, но има провизија од милионската набавка на нафта на ЈСП и дали истата ја договорил блискиот советник на Данела Арсовска, сметководителот Драган Митковски-Книга?

Како од сите компании на нафта во Македонија беше избран Пуцко Петрол, кој припаѓа на пратеник од власта? Ова ли се работите кои се договараа на тајните средби Ковачевски-Арсовска?, прашаа утрово од „Белата палата“.

Премиерот Ковачевски во изминатиот период ги демантираше шпекулациите за тајни средби со Арсовска.

Ковачевски рече дека СДСМ им честитале победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ и на градоначалничката Данела Арсовска и оти како резултат на поразот тогашниот претседател на СДСМ и премиер поднесе оставка и од претседател на партија и од претседател на влада. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, кажа тој, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска „беше пречекана со трубачи, со песната „Бела чао“.

-Таа беше облечена во бел капут. Цело ВМРО со зурли и тапани стоеше пред зградата и ја пречека свечено на бината во прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во ново блузонче со патент заедно со цело раководство ја пречекаа и кажаа дека го освоиле Скопје. Градоначалникот на Скопје, претседавачот на Градот Скопје се од ВМРО-ДПМНЕ. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, директори се членови на ВМРО-ДПМНЕ и немаат никаква врска со СДСМ којшто е во опозиција во градот Скопје, изјави Ковачевски.

Слични содржини