Една слика предизвика шпекулации дека фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез очекуваат уште едно дете.
Странските медиуми пишуваат дека Џорџина наводно повторно е бремена, за што нема официјални потврди од семејството на Роналдо.
Медиумите беа наведени до тој заклучок од фотографијата што Џорџина ја објави во тесно бикини, со акцент на стомакот.
Неколку часа подоцна, Родригез ја избриша фотографијата од социјалните мрежи, но помпата за тоа не се смири.
– Дали е ова скриена порака од годишниот одмор – прашаа следбениците откако ја видоа сликата.
Да потсетиме, Кристијано Роналдо и Џорџина имаат четири деца, од кои едно е заедничко, ќерката Алан Мартина. Сурогат мајка го роди синот Кристијано Јуниор, како и близнаците Ева и Матео.