Дaли досието на Јордан Мијалков е причина за запирањето на лустрацијата?

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Во недостиг на официјални и издржани аргументи, јавноста шпекулира со скриените мотиви за запирањето на лустрацијата. Иницијативата на Јордан Петровски за утврдување одговорност на поранешниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, татко на до неодамна првиот човек на УБК Сашо Мијалков и вујко на премиерот Груевски, е една од најчесто споменуваните причини, пишува РеволуционерМК.

lustracija3

Имено, г-нот Петровски до КВФ го доставил Решението за примена на мерката Тајна контрола на меѓународниот телефонски сообраќај спрема лицето Маноил Јаковлевски-„Мане заради, како што стои во образложението, поврзување со екстремни и милитантни припадници на партијата ВМРО-ДПМНЕ во земјата и екстремни припадници на македонското иселеништво во странство“.  

Reshenie-za-prislushuvane-787x1024[1]

Во врска со тоа, во една своја изјава претседателот на КВФ Аџиев рече дека иницијативата била процесирана, без да каже повеќе детали.

РеволуционерМк го праша Аџиев што се случи со постапката за овој предмет, односно дали намерата истиот да не биде расчистен е една од причините поради кои се укинува лустрацијата? Одговор, погодувате, не добивме.

Како член на првиот состав на КВФ, Благоја Гешоски не ја исклучува можноста дека токму ова е мотивот за укинување на лустрацијата.

„Оваа власт во 2012 година го промени Законот со цел да ги опфати поранешните функционери, посебно лицата кои работеле во тајните служби. Комисијата ги лустрираше сите министри за внатрешни работи, освен оние од сегашната власт: Мијалков, Трајанов и Димовска. Точно е дека постојат сомнежи оти е тоа една од причините за укинувањето на лустрацијата. Комисијата ќе треба да одговори зошто не постапила по споменатата иницијатива, или ако постапила зошто не го лустрирала министерот Мијалков бидејќи со исти такви документи и за истото лице како во прилогот на иницијативата, претходно лустрирала други министри и вработени во УБК. Власта која го променила Законот со цел да лустрира одредени лица, сигурно е спремна да го укине истиот тој Закон со цел некого да заштити“, потенцира Гешоски./Либертас

Повеќе прочитајте од текстот на РеволуционерМК на следниот линк.