Дали е можно се уште да има украински војници во Азовстал?

од Stefanija Kuzmanovska
429 прегледи

Можно е некои припадници на украинските безбедносни сили да се уште се на територијата на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол бидејќи немало координација меѓу нивните команданти, изјави денеска заменик началникот на полицијата на самопрогласената Народна Република Доњецк, Едуард Басурин.

„Некоординираноста на Генералната команда во Азовстал доведе до тоа дека секој живеел на свој начин, секој се криел во свој агол, па можно е да ги најдеме“, наведе Басурин, а пренесува ТАСС.

На 20 мај руското Министерство за одбрана објави дека „целосно е ослободена фабриката за челик Азовстал“, која беше последната линија на одбрана на украинските сили во Мариупол.

Слични содржини