Дали е ова најглупавата реклама во историјата на Супербоулот? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Рекламата за Супербоул што ги збуни гледачите требаше да ги натера да купат овесно млеко, но многумина веднаш ја прогласија за најлоша реклама досега.

Рекламата за овесното млеко трае 30 секунди и го прикажува извршниот директор Тони Петерсон како свири синтисајзер на поле и пее песна за млекото. И тоа е тоа.

„Таа реклама беше толку лоша, никогаш повеќе нема да купам Оутли“, „Оутли, го сакам твоето млеко и сè, но поради таа реклама посакав  кравјо млеко“, „Најлошата реклама досега“, „Сè што вели оваа реклама: Имаме пари само за рекламен простор“, коментираат луѓето ширум светот на социјалните мрежи.

Сепак, имало и воодушевени, кои ја препознаа дозата на хумор во серија „напумпани“ реклами, како што се поставуваат на Супер Боул.

„Добро, ова е мојата најдобра реклама досега, совршена смисла за хумор“; „Ова беше најчудната реклама за Супербоул досега и никогаш не сум бил посреќен поради тоа“; „Не можам да го извадам џинглот од главата“, напишаа други.

Слични содржини