Дали го знаете вистинското име на Ирина Шајк?

од Radmila Tasevska
284 прегледи

Една од најуспешните и најпознатите манекенки во светот, Ирина Шајк, неодамна го прослави својот 38 роденден. Иако со години владее со светската модна сцена, сепак многумина не го знаат нејзиното вистинско име, пренесе Стандард лајф. 

Имено, како што откри во една емисија, Ирина се презива Шејхлисламова. Оваа манекенка висока 177 сантиметри е родена во Јеманжелинск, Русија, место „во средината на никаде“, како што самата кажа на почетокот на кариерата. Светската слава ја стекна во 2011 година како првата Русинка која позирала за насловната страница на Sports Illustrated.

@realno567 Sheikhislamova 👑. #irinashayk #irinashaykedit #fy #fypシ ♬ orijinal ses – Realno567

Покрај успешната манекенска кариера, Ирина е позната и по врските со бројни познати личности. Таа беше во врска со Кристијан Роналдо пет години, по што се бакна со холивудскиот заводник Бредли Купер со кој доби ќерка, а подоцна ја поврзуваа и со Канје Вест и Леонардо ди Каприо.

Да потсетиме, убавата Русинка деновиве го прослави својот 38 роденден. На Инстаграм објави неколку фотографии од прославата на која присуствуваше италијанскиот дизајнер Рикардо Тиши, Емили Ратајковски, Стела Максвел … Ирина прво го почести друштвото со вечера, а потоа заедно отидоа на лизгање. За таа прилика Шајк облекла проѕирна маичка, која ја искомбинирала со топла јакна и црни панталони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

„Роденденско лизгање со семејството. Ви благодариме на сите што дојдовте и не се повредивте“, порачала манекенката под објавата.

Слични содржини