Конфронтацијата на рускиот претседател Владимир Путин со Западот е “вештачка” и е насочена кон заштитата на владејачката елита на Русија, за да го расејува вниманието од корумпираниот систем. Ова го објави поранешниот руски нафтен тајкун Михаил Ходорковски, цитиран од “Ројтерс”.
“Оваа конфронтација со Западот е апсолутно вештачка”, изјавил Ходорковски пред Атлантскиот совет.
“Ладењето на односите беше инспирирано од овие руски елити, кои сакаат да се задржат на власт”, дополнил тој.
Зборувајќи со помош на преведувач, Ходорковски, кој некогаш беше најбогатиот Русин, изјавил уште: “Тие имаат очајна потреба од сликата на непријател кој ќе го одвлекува вниманието на ннаселението од корупцијата и неефикасноста кои постојат во власта”.
Бизнис империјата на Ходорковски, која ја вклучуваше веќе непостоечката руска нафтена компанија “Јукос”, произведуваше повеќе сурова нафта од Катар, пред тој да влезе во конфликт со Путин и да биде затворен за измама и даночно затајување. Путин го помилува во декември 2013 година
Ходорковски, кој е еден од најжестоките критичари на Путин, живее во Швајцарија.
“За жал, не може да има разговори за што и да е стратешка кохезија и помирување, додека Путин останува на власт”, истакнал тој и дополнил: “Во Русија беше изградена таков систем, при што секое решение може да биде ненадејно променето од каприц на еден човек кој не е контролиран од какви и да било внатрешни политички механизми “.
Запрашан дали би се кандидира за претседател на Русија, Ходорковски одговорил дека тоа е прашање кое нема никаква практична вредност во моментот. Но тој рекол дека “порано или подоцна” ќе се случи промена во власта во Русија и Западот треба да биде подготвен да и помогне на Русија брзо да се реинтегрираат во глобалниот систем.
Ова може да се случи, преземајќи ја Русија за член на НАТО и Европската унија.
Според Ходорковски во интерес на Путин е да се “замрзне” конфликтот во источна Украина.
