Дали ќе имате време за себе кога ќе почнете да живеете со партнерот?

од desk2
147 прегледи

Заедничкиот живот со партнерот на почеток се чини како добра идеја. Дури и одлична.

Помали трошоци, полесно планирање на распоредот, повеќе време заедно, повеќе секс… се чини дека кога ќе заживеете заедно под ист покрив се решаваат многу проблеми.

Но, ретко кој помислува на проблемите што може да произлезат од заедничкиот живот, особено ако не сте биле подготвени за овој голем чекор.

Многу е важно да знаете од која појдовна точка влегувате во заедничкиот живот, дали имате исти очекувања и дали сте сигурни од кои причини го правите тоа.

Како и за сѐ друго во врската, комуникацијата е многу важна и ако имате какви било сомнежи или стравови, треба да разговарате со партнерот пред да почнете да се пакувате.

Друг важен момент, што нема многу врска со партнерот, е вашата лична состојба на умот. Дали досега сте живееле со родителите, сами или со цимери е важно пред да почнете да живеете со партнер.

Бидете искрени со себе (и со партнерот!) за нивото на личен простор кој ви е потребен, отстапките кои сте подготвени да ги направите и навиките од кои не можете да се откажете.

Целово ова можби звучи застрашувачки и негативно, но е важно за да се заштитите долорочно, емотивно и финансиски.

Гледајќи кон позитивните работи, ќе имате повеќе време и услови да правите многу работи заедно со партнерот, да се запознаете подобро и да работите на зајакнување на вашата врска.

Тоа сепак не значи дека треба да се запоставите себе и својот личен развој. Продолжете со вашите хобија, интереси и активности, само усогласете ги распоредите за да имате повеќе време и за себе и за врската.

За сите овие работи е потребно време и не очекувајте дека промената се случува магично преку ноќ. Ќе ви треба многу разбирање и трпение. Среќно!/Kajgana

Слични содржини