Дали конечно паѓа цената на кафето? Бројките покажуваат јасен тренд

од Vladimir Zorba
676 прегледи

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека стапката на инфлација на цената на кафето се намалува од октомври 2022 година, кога достигна врв на 17,4 отсто, по остриот пораст што започна во октомври 2021 година, кога беше два отсто.

Иако растот на цените на кафето во ЕУ генерално е забавен, постојат значителни разлики на ниво на земјите-членки.

Во 15-те земји на ЕУ, стапката на инфлација на кафето во март 2024 година е повисока отколку во март 2023 година, а најголем раст на стапките на инфлација е забележан во Хрватска (7,4 отсто), Романија (6,8) и Бугарија (6,6).

Останатите 12 земји од ЕУ забележаа пад на инфлацијата на цената на кафето во март 2024 година, а највисоки негативни стапки на инфлација беа забележани во Финска (15,5 отсто) и Литванија (15,4), потоа Данска (7,5), Чешка (6,5 ) и Шведска (6,0).

Слични содржини