Иако многумина мислат дека членовите на кралските семејства јадат скапа и здрава храна, во пракса тоа е малку поинаку.
Имено, кралот Чарлс е поборник за органска храна, додека омилен десерт на Кејт Мидлтон е карамел пудинг.
Исто така, познато е дека принцот Вилијам и се додворувал на својата сегашна сопруга правејќи ѝ шпагети болоњезе.
Како што обелоденил поранешниот кралски готвач Дарен Мекгрејди, крцкавото чоколадно уживање било главен дел од попладневните чаеви на кралицата, пишува „Дневник.хр“.
„Сега тортата од чоколаден бисквит е единствената што се враќа секој ден одново и одново додека не ја снема. Секој ден кралицата зема мало парче додека на крајот не остане само едно мало парче, но мораме да го испратиме и тоа горе бидејќи таа сака да ја изеде целата торта“.
Кралицата Камила за време на едно интервју открила дека нејзиниот омилен ручек е риба која се служи со пржени компири.
„Тој мирис… Нема подобро од риба и компири“, рекла таа.
Кејт била изненадена за време на посетата на Ислингтон кога една ученичка ја прашала дали кралицата некогаш јадела пица.
„Тоа е толку добро прашање, не знам. Можеби да прашам следниот пат кога ќе ја видам?“, одговорила таа.
Готвачот на кралското семејство, сепак, тврди дека никогаш не направил пица за кралицата.
„Готвев за кралицата единаесет години и никогаш не ѝ послужив пица. Кралицата го немаше ниту на менито кога бевме во Палермо, Сицилија. Готвачите мораа да излезат на брегот по кралската вечера за да ја вкусат“.
Сепак, наследниците се љубители на италијанските специјалитети.
„Вилијам и Хари би јаделе пица навечер ако дадилката им дозволи, па тогаш правев за нив“, додал Дарен.
Кејт исто така е љубителка на пица, информирал готвачот.
Повеќето членови на кралското семејство сакаат да јадат јајца за појадок, а тоа го потврди и австралискиот нутриционист Ли Холмс.
„Кралицата понекогаш сакаше да го започне денот со појадок полн со протеини, а овие јајца беа прилагодени на начинот на кој таа особено ги сакаше“.
Омилениот рецепт за јајца вклучуваше две необични состојки – морско оревче и кора од лимон.
Фото: Jamie Lorriman-The Telegraph/POOL supplied by Splash News / SplashNews.com / Splash / Profimedia