Трендот на покачување на цената на местото во земјите од ЕУ го зголемија стравот кај македонските потрошувачи дека европските случувања во месната индустија ќе се рефлектираат и на нашиот пазар.
Дел од произведувачите на месо и месни производи за „Локално“ велат дека ваквите состојби се очекувани во услови на разни типови сточни болести, намален сточен фонд и незадоволство на фармерите заради намалени субвенции и друг вид поддршки од домицилните држави.
Не ја исклучуваат можноста состојбите да се прелеат и кај нас, што во голема мера велат, ќе зависи од поддршката на државата.
„Покачувањето на цените зависи од многу фактори пред се од потрошувачката која е драстично намалена поради иселување на населението, потоа од мешањето или немешањето на државата во регулација на пазарот . Мерките со кои се замрзнаа цените долгорочно им нанесоа штета на стопанските субјекти бидејќи целиот товар се префрли на нив.На пример, осум месеци беа замрзнати цените на месото, а при тоа цената на нафтата се одредува на неделно ниво, цената на електричната енергија се одредува берзански, а дополнителен е притисокот од минималната плата.Сето ова го наруши системот на вреднување и оценката на продуктивноста на вработените. И при тоа нема мерки за поддршка од државата преку субвенции на платите, потрошената струја, преку намалување на каматите на кредитите или со обезбедување на поволни финансиски инструменти за поддршка на стопанството“, вели Гоце Трајчев од групацијата на производители и преработувачи на месо и месни производи.
Дополнително, Трајчев посочува дека нашата држава до пред една година најголем дел од домашните потреби за свежо свинско месо, односно до 90% ги задоволувала од сопствено производство,но во моментов покриеноста е 70 %., а остатокот се увезува.
Во меѓувреме, калкулации се прават и кај преработувачите на месо и месни производи.Нивните претставници уверуваат дека засега не се размислува за нови цени.
„Замрзнатото месо веќе поскапе 5% во изминатите два месеца. Оваа цена сега е во мирување и не очекувам дека ќе дојде до нејзино зголемување. Нашата држава увезува замрзнато пилешко од Бразил и од земјите од ЕУ, додека свинското се носи од земјите од ЕУ и од Северна Америка Во изминатиот период дојде до поскапување на месото во овие држави, и тоа секако дека се одрази и врз цената во Македонија. Вообичаено е дека во време на велигденските пости продажбата на месо паѓа за околу 20%, но моите проценки се дека нема да дојде до зголемување на цената по завршување на празникот, односно ќе се задржи претходната“, велат од „Пекабеско“.
Од друга страна, засега ситуацијата е најстабилна во однос на цената на пилешкото месо.
„За разлика од периодот веднаш по короната, намалени се сите трошоци, односно во моментов килограм сточна храна чини 25 денари, а претходно таа беше 35, смалена е и цената на струјата, како и на нафтата. Покачена е само цената на работната рака,но во автоматизирани процеси оваа ставка не е голема“ изјави за „Локално“, Тони Диневски, производител на пилешко месо.
Оттука, според него, нема најави, ниту пак потреба од поскапување на пилешкото месо.
Евростат измери дека во февруари цената на месото во ЕУ се зголемила за 3,3 отсто на годишно ниво.
Најмногу е поскапено
К.В.С.