Дали Милена Радуловиќ ќе снима серија за Мирослав Алексиќ? На оваа тема се огласи нејзиниот адвокат

од Stefanija Kuzmanovska

Истрагата за случајот поврзан со професорот по глума Мирослав Алексиќ, обвинет за силување, може да заврши во следните дваесет дена, изјави денеска Југослав Тинтор, адвокатот на актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, кои го обвинија професорот за сексуално злоставување. Тинтор изјави дека се испитуваат сведоци и дека ќе следи вештачење, пренесе „Информер.рс“.

Медиумите во изминатите месеци пишуваа многу за претстоен ТВ-формат. Наведуваа дека серијата најверојатно ќе се вика „Учителот“, дека Милена стои зад сценариото и дека го предала текстот на Драган Бјелогрлиќ, без да му каже дека станува збор за нејзината животна траума. Сепак, Југослав Тинтор, адвокатот на Милена и Ива Илинчиќ, ги негираше тие гласини.

Тој изјави дека тоа не е точно и дека не станува збор за филм, ниту за серија.

– Апсолутно не е вистина. Ниту се снима филм, ниту постои сценарио, ниту нешто слично. Би било потполно ненормално да се спроведе постапката, на обвинетиот Алексиќ да му се суди за голем број кривични дела и паралелно да се снима некој филм или серија што го прикажува сето тоа.

– Тоа беше спин што беше објавен во јавноста со цел да се девалвира оваа постапка, да се релативизира и да се сведе како да е направена во функција на инспирација за нов филм или серија. Во име на моите клиенти, можам да кажам дека тоа не е вистина.

Како што продолжи, ударот на медиумскиот притисок врз Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ е голем.

– Сметам дека следниот медиумски притисок, кој мора да дојде кога повторно ќе започне судењето, ќе им биде полесен, бидејќи врвот сепак помина. Важно е да продолжите да ја следите оваа постапка, да не дозволите да се става под тепих. Еден од начините да се расчистат работите е да се заинтересира јавноста.

Слични содржини