Дали Москва се обидува да го зголеми влијанието во земјава? Мицкоски: Рускиот амбасадор е исклучително неуспешен

од Nikola Popovski
24 прегледи

На новинарско прашање дали поради самата геополитика во регионот и самиот факт што сме блокирани на европскиот пат, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се обидува да го зголеми руското влијание во земјава и да ги интензивира активностите со пратеници и градоначалници, премиерот Христијан Мицкоски одговара дека амбасадорот е „исклучително неуспешен“ и вели тоа е негова квалификација.

-Рекорден број руски дипломати во земјава беа прогласени за персона нон грата. Не мислам дека тој е добар амбасадор ако тоа му се случува. Не мислам дека има позитивна улога. (Рускиот амбасадор) Последно го видов на една слика со пратеници од една опозициска партија која во последно време делува во коалиција со Европскиот фронт и СДСМ во рамките на Парламентот. Загрижен сум бидејќи таа опозициска коалиција е целосно неконструктивна. Треба да имаме конструктивна опозиција која ќе биде добар спаринг партнер на власта. Оваа новоформирана коалиција СДСМ, Европскиот фронт и Левица е структура која во моментов не се однесува со согласно предизвиците со кои се соочуваме како држава, кажа Мицкоски во емисијата „100 дена Влада“ на МРТ.

Откако неодамна Баздникин беше на средба со лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, на новинарско прашање дали и градоначалникот на Куманово „оди кон тој правец“, премиерот вели „не би рекол“.

Слични содржини