Дали новиот Виндоус ќе биде бесплатен?

од Nikola Popovski

Дизајнот и карактеристиките на новиот Виндоус, за кој се претпоставува дека ќе се вика Виндоус 11, протекоа, а до неговото претставување остануваат уште четири дена.

Многу се зборува за новиот оперативен систем и порталот „Бетањуз“ сега го покренува прашањето дали овој Виндоус ќе биде бесплатен како и претходниот.

Со оглед на тоа што Епл им дава бесплатно на корисниците секој нов macOS, се очекува Мајкрософт да го стори истото, останувајќи чекор пред конкуренцијата.

Виндоус 10 беше пред сите токму затоа што беше бесплатен и Мајкрософт сега ќе се води од истата идеја.

Тие сметаат дека нема потреба од наплата на обичните корисници, сè додека компаниите не се префрлат веднаш на новиот оперативен систем, па затоа е логично новиот оперативен систем да биде „ослободен“ за „бесплатна употреба“.

Исто така, има информација дека новиот Виндоус може да биде бесплатен за сите корисници кои имаат валидни лиценци за постари верзии на ОС.

Новиот Виндоус ќе биде претставен на 24 јуни.

Слични содржини