Дали ова е најгрдиот автомобил на светот?

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Прашањето од насловот го поставиле во една британска лизинг компанија, па создале имагинарен концепт на тој „Франкенштајн на тркала“, користејќи делови од 10-те најгрди автомобили по избор на публиката.

Ако прашате некого кој е најгрдиот автомобил досега, можеби ќе добиете некои од очекуваните одговори, како што се Fiat Multipla, Chrysler PT Cruiser, Nissan Juke или оригиналниот Toyota Prius.

Такво прашање си постави британскиот Hippo Leasing, и одговори – со истражување. Тие пребаруваа на Интернет и собраа написи во кои се зборува за најгрдите автомобили во светот, што резултираше со сеопфатна листа од 116 модели кои луѓето, на еден или друг начин, ги сметаат за грди и непожелни.

Потоа ја рангираа листата според бројот на споменувања на секој споменат модел и дојдоа до топ 10 листа, а потоа им оставија на дизајнерите да го создадат најгрдиот автомобил досега од тие автомобили, најгрдиот според јавното мислење.

Како што пренесува „Autonet“, концептот го нарекле Деформис 10, а можете да го видите на приложените „промотивни материјали“.