Сé повеќе во јавноста се дискутира за потребата од промена на изборниот модел во Р.Македонија,како и за голем број на недостатоци и неправилности при минатите изборни процеси. Пречистувањето на изборниот список како еден од најголемите проблеми, со кој се соочува изборниот систем во Македонија, сериозно го нарушува демократскиот избор на избраните кандидати и функционери во сите нивоа. Препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија само делумно се спроведуваат!
![sdsm-miting-skopje-D-Andono[6]](https://lokalno.mk/wp-content/uploads/2015/08/sdsm-miting-skopje-D-Andono6.jpg)
Поради Д’Хондтовиот системот на распределба на пратеничките мандати при секои парламентарни избори над 100.000 гласови добиени од т.н. „помали“ политички партии или коалиции, остануваат надвор од распределбата, поради што Собранието не секогаш во целост ја пресликува изборната волја на граѓаните, и во целост не претставува„претставнички дом“. Неколку политички партии и професионални невладини организации бараат и се повеќе зборуваат во јавноста дека во Македонија е потребно да се воведи систем на отворени листи на гласање. Предлогот за измени на Изброниот законик во 2007 година за воспоставување на систем на резервирани места во Собранието на Р. Македонија за претставници на заедниците, беше блокиран со над 3000 амандмани, а потоа и со тепачка помеѓу пратениците и напад на новинарите во Собранието. Воглавно сите малцински заедници во Р. Македонија се незадоволни со изборниот модел и бараат да се обезбедат услови за соодветна и правична застапеност во органите што донесуваат одлуки (Собранието и советите на општините). Поделбата и распределбата на гласачкото тело по изборните единици и дали е потребно да се има 6 изборни единици или да има само една изборна единица за параламентарните избори, се прашања што во моментот се можеби и суштинските за обезбедување на демократски развој на Република Македонија.
Сите овие круцијлани прашања поврзани со изброниот модел во Р. Македонија, логично го поставуваат прашањето- Дали треба да се промени изборниот модел во Македонија, за да се обезбеди понатамошна демократизација на Македонија? Поради тоа, Алијансата за позитивна Македонија (АПМ), Партијата за демократски просперитет (ПДП), Демократскиот сојуз (ДС), Демократската обнова на Македонија (ДОМ,) организираат дебатасо цел да се даде придонес кон градење на позитивна демократска атмосфера во Р. Македонија.
Трибината ќес е оддржи денеска со почеток во 12 часот, хотел Карпош, Скопје
Поканети дискутанти:
- Александар Новакоски, поранешен член на Државната изборна комисија.
- М-р Драгана Кипријанова, заменик министер за надворешни работи на Р.Македонија
- Лилјана Поповска, пратеник во Собранието на Р. Македонија, претседател на ДОМ
- Павле Трајанов, пратеник во Собранието на Р. Македонија, претседател на ДС
- Неџад Беџети, претседател на ПДП
- Проф. д-р Рубин Земон, в.д. претседател на АПМ
- Мехмед Џемајлоски, поранешен пратеник
- Махи Несими, поранешен амбасадор на Р. Македонија
- Марјан Огњеноски, Обединети за Македонија
- Олимпија Заевска,Левичарско Движење „Солидарност“
- Д-р Самоил Малчевски, Форум на слободоумни патриоти