Почитувањето на препораките поврзани со коронавирусот во Шведска не вроди со плод од пролетта, па затоа јавните собири ќе бидат ограничени на осум лица, во споредба со претходната граница од 300 лица, изјавил денеска шведскиот премиер Стефан Лофвен.
„Ова е нова норма за целото општество“, вели Лофвен на прес-конференција, објави Ројтерс.
„Не одете во спортските сали и теретаните, не одете во библиотеките, не организирајте вечери. Откажувајте“, истакнал шведскиот премиер.
Шведска го привлече меѓународното внимание поради нејзиниот необичен одговор на пандемијата, со избегнување на локдаун во земјата и потпирање на доброволна усогласеност на граѓаните.
Стапката на смртност во Шведска е неколку пати поголема во однос на населението отколку во нејзините нордиски соседи, но е пониска отколку во големите европски земји.