Дали Сијарто дојде да се види со Османи или со Арсовска?

од Берта Китинска
261 прегледи

На прашањето дали е точен впечатокот дека министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто дојде во земјава да се види со градоначалничката Данела Арсовска и да вети државна помош за градот Скопје, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека Арсовска била почесен конзул на Унгарија и дека пред неколку дена таа ја повлекла таа процедура.

– Арсовска до скоро беше почесен конзул на Унгарија поради изборот за градоначалник. Сијарто ми се јави во четвртокот и рече дека сака заеднички да испратиме порака до Европа по она што се случи на 14 декември. Тој даде силни пораки. Унгарија е важна држава, а јас имам добро односи со Сијарто, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска имаше средба со Сијарто, кој е во посета на земјава, соопштија од нејзиниот кабинет.

По средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, Сијарто во просториите на Град Скопје се сретнал со Арсовска, која беше почесен конзул на Унгарија. Како што соопштија од кабинетот на Арсовска, на средбата со унгарскиот министер се разговарало за „приоритетите на новата локална власт како и за поголема соработка меѓу Градот и Унгарија“.

-На средбата беше договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните, велат од кабинетот на Арсовска.

Слични содржини