Веќе неколку месеци се шпекулира дека актерката Анџелина Џоли и музичарот „The Weeknd“ се заедно, а сега пејачот наводно и посветил песна.
Иако папараците ги снимиле како одат заедно на вечера во познат ресторан во Санта Моника, парот никогаш не ја демантираше, ниту ја потврди веста.
Кога албумот „Dawn FM“ ја здогледа светлината на денот, песната „Here We Go… Again“ го привлече вниманието на многумина.
„А мојата нова девојка, таа е филмска ѕвезда… Си реков дека никогаш повеќе нема да паднам на некого, но еве не, таа е филмска ѕвезда…“, гласи дел од песната за која многумина мислат дека пејачот ја посветил на Џоли.
Социјалните мрежи се преполни со коментари од обожавателите, а многумина тоа го сфатија како официјална потврда на она што се шпекулираше подолго време.
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia