Дали Вучиќ има „кец во ракав“: Србија ќе се поврзе со нафтовод во Унгарија?

од Nikola Popovski

Србија има решение за увозот доколку поради Хрватска биде спречен транспортот на руската нафта преку гасоводот ЈАНАФ, изјави во петокот српскиот претседател Александар Вучиќ и најави дека во сабота подетално ќе разговара за одлуката.

-Државата донесе одлука, изјави Вучиќ пред новинарите по отворањето на фабриката на германската компанија МТУ во Нова Пазова.

Коментирајќи ја изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека Хрватска не ја спречува Србија да увезува руска нафта, но нема да дозволи таа да се транспортира преку ЈАНАФ, Вучиќ рече дека единствен начин да се увезе е преку тој гасовод.

Хрватска, тврди Вучиќ, се иззема од санкции за увоз од Русија како дел од последниот пакет санкции на ЕУ, „и затоа не треба да зборуваме за принципи и морал“, наведувајќи дека Хрватска треба да купува специјална нафта што доаѓа од Русија во Хрватската рафинерија.

Вучиќ повтори дека Европската комисија веќе донела одлука земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, да бидат изземени од санкции, но дека на предлог на Хрватска и две други членки тоа било откажано и дека Србија не е изземена , но дека се Хрватска, Унгарија, Чешка, Словачка и Романија.

-Се подготвуваме да купиме некаква друга нафта, сега има проблем со типот, тежината, како со јагленот“, рече Вучиќ и најави дека во сабота подетално ќе зборува за долгорочните одлуки во снабдувањето со гас и нафта.

Тој ги повтори претходните тврдења дека ЈАНАФ е „сигурен снабдувач, но веќе не“ и дека Србија плаќа 45 до 48 милиони евра годишно за користење на тој гасовод.

-Сега треба да ги преземеме следните чекори за да обезбедиме снабдување со нафта, рече Вучиќ.

Во меѓувреме, Министерството за рударство и енергетика соопшти дека по европската одлука за забрана за увоз на руска сурова нафта, која сега пристигнува преку Јанаф, разгледале опции за диверзификација на снабдувањето со сурова нафта преку гасоводот Дружба. Едниот е изградба на нафтовод до унгарски Сегед, а другиот е поврзувањето со нафтоводот Дружба кај Будимпешта, што би дало можност да продолжи да се набавува руска сурова нафта.

Слични содржини